
Помладите пионери на Академија Паденв на домашен терен во Струмица со 1:3 загубија од штипска Брегалница во рамки на 18. коло од Помладата пионерска супер лига.
За „пандевци“ единствениот погодок го постигна Душан Павлов, а пак за штипјани стрелаа Лука Николов, Мухамед Демиров и Даријан Тасев.
Во однос на табелата екипата на Академија Пандев со 26 бодови е на шестото место на табелата, а пак Брегалница е место погоде со бод повеќе.
Пионерите на Академија Пандев пак со 2:1 го добија дуелот со Брегалница од Штип. Двата погодоци за „пандевци“ ги постигна Костадин Капсаров, а пак за штипските „сини“ стрелец на единствениот гол беше Душан Пачемски.
Екипата на Академија Пандев е на второто место со 40 бодови, има негатива од пет бодови во однос на лидерот Работнички, но младите „пандевци“ имаат натпревар помалку. Брегалница со 29 бодови е на петото место на табелата.