
Кадетките на Тиверија беа поразени во дербито на колото од екипата на Скопје 2014 со резултат од 3:5.
Во мечот од 12. коло на Кадетската женска фудбалска лига гостинската екипа во Струмица триумфираше со пресврт. Резултатот на полувреме беше 2:1 за Тиверија, а во вториот дел Скопје 2014 го сврте резултатот и на крај триумфираше со конечни 3:5.
За Тиверија стрелаа Розита Пецева, Настасја Накова и Теона Галабовска. За Скопје 2014 двоен стрелец беше Ева Величковска, а по еден погодок постигнаа Уна Јосевска, Андреа Коловска и Искра Смилевска.
Во однос на табелата Тиверија и понатаму е на врвот од табелата со 30 бодови, а пак Скопје 2014 е втор со 28 бодови.