
Струмичка Беласица под водство на Александар Стојанов гази се пред себе, а денес среде Кочани со 5:0 го распука Осогово.
Струмичани беа убедливи во меч од 22. коло од Втората лига – Исток и продолжуваат да прават притисок кон водечката Слога 1934 од Виница. Убедливиот триумф е повеќе од важен пред дербито со Каменица Саса во Струмица.
Во првиот дел мрежите на „Никола Мантов“ мируваа, а во вториот дел паднаа сите пет погодоци. Димитар Трајков го отвори резултатот во 51. минута, а потоа до крајот на мечот стрелаа и Александар Милушев, Александар Коцев, Васил Крстев и Грегори Давков.