Кошаркарите на Струмица утре гостуваат кај екипата на Охрид

АРХИВА

Утре во рамки на 21. коло од Втората кошаркарска лига кошаркарите на КК Струмица ќе гостуваат кај ГКК Охрид во меч кој е од голема резултатска важност за охриѓани кои атакуваат на влез во плеј-офот.

Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 16:00 часот, а очекувањата се ГКК Охрид да има силна поддршка од домашната публика.

Во однос на табелата пред почетокот на овој натпревар екипата на Струмица е на седмата позиција со 28 бодови, а пак ГКК Охрид има 27 бодови и се наоѓа на деветото место на табелата.

Инаку во плеј-офот влегуваат првите осум екипи, што значи дека КК Струмица ќе се натпреварува во плеј-оф разигрувањето и ќе води борба за промоција во Првата кошаркарска лига.

Судиска тројка ќе бидат Панов Т., Мицкоски Д. и Јакимовски Н., а пак за делегат е делегиран Костовски А.

Comments are closed.