
Фудбалерите на Беласица утре во рамки на 22. коло од Втора лига – Исток ќе гостуваат во Кочани кај екипата на Осогово.
Тежок и многу важен натпревар и за двете екипи. Беласица игра допадлив фудбал и се искачи на делба на второто место со 44 бодови колку што има и прилепска Победа, а на само бод од лидерот Слога 1934 од Виница.
Мечот е важен за струмичани во борбата за освојување на врвот и директен влез во Првата македонска фудбалска лига. Трите бодови се важни и за „жетварите“, а за нив се освен пораз ќе биде позитивен исход во битката за сигурен опстанок.
Правдата на мечот кој ќе се одигра на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе ја дели Никола Иванов од Велес, а стартот е закажан во 16:00 часот.