
Вечерва Општинската организација на СДСМ – Струмица одржа конференција на која се избраа новите членови на извршниот и надзоринот одбор предводени од новиот претседател Борче Цветков.

„Вечерва, уште еднаш докажавме дека сме зрели и одговорни. Покажавме дека знаеме како на вистински начин го бираме патот на кој заедно треба да чекориме – со младешки ентузијазам, полни со елан и енергија за ширење на социјалдемократскиот дух,предводени од искуството и визијата, кои се тука. Честитки на новоизбраните Членови на Управниот и Надзорниот Одбор, предводени од Борче Цветков. Нашата Општинска Организација, низ генерациите е дом на истакнати социјалдемократи. Таа била и секогаш ќе биде пример и поттик за сите сопартијци и наши истомисленици“, рече градоначалникот Костадин Костадинов вечерва на конференцијата на ОО СДСМ Струмица.
