
Вечерва ОО СДСМ Струмица одржа конференција на која се избра новото раководство – членови на извршен и надзорен одбор, кои заедно со претседателот Борче Цветков ќе ја водат партијата во следните четири години.

„Денес, сите ние треба да сме горди што сме дел од партија како СДСМ, која во изминатите години вистински демонстрираше што навистина значи владеење на демократијата, владеење на волјата на народот. Сето тоа иницирано, токму од тука, од нашата родна Струмица, од нашата Општинска Организација ‐ двигателот државотворноста“, рече новиот претседател на ОО СДСМ Струмица, Борче Цветков.



