
Денес во Општинската организација на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организираше граѓанска крводарителска акција по повод Светски ден на здравјето.
„Акцијата се одржа во просториите на Службата за Трансфузиона медицина од 09:00 до 14:00 часот. И покрај состојбата со вирусот Ковид-19, акцијата беше успешно реализирана. Крв даруваа 30 крводарители. Со крводарителските акции ја реализираме нашата заложба за заштита на животната средина.Ситните подароци кои ги добиваат крводарителите се во насока на намалување на користењето на амбалажата за еднократна употреба“, велат од ОО Црвен крст – Струмица.