
Сончево со мала до умерена облачност и потопло преку денот. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Најниска температура од минус 3 степени е измерена во беровскиот крај, а пак највисока во Кавадарци со температура од 21 степен. Во Струмица сончево време со температура до 20 степени.
