
На 03.04.2022 во периодот од 09.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 83 прекршоци, од кои 27 на подрачје на Струмица, 25 на подрачје на Радовиш, 17 во Валандово и 14 во Гевгелија. Од нив, 54 прекршоци биле констатирани надвор од населено место, а 29 во населено место и сите биле соодветно санкционирани.