
Претежно облачно, од пладневните часови од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец поизразен вдолж Повардарието.
Најниската температура ќе се спушти до минус четири степени во крајно западните делови – Маврово, како и во крајно источните делови – беровскиот регион. Највисоката температура ќе се искачи до 14 степени во југоисточните делови од државата, како и во Струмица и струмичкиот регион.
