
Губењето на мускулната маса, познато и како саркопенија, е нормален дел од стареењето. Се проценува дека по 30-тата година секоја деценија губиме од 3% до 5% од мускулната маса, а особено загрижува тоа што понекогаш самите го забрзуваме овој процес бидејќи не се движиме доволно.
Помала мускулна маса, меѓу другото, значи помала сила, послаби физички перформанси и намалена способност за движење. Тоа доведува и до раст на масните наслаги во телото и сите здравствени проблеми поврзани со него.
Поради сето горенаведено, важно е да бидеме активни во сите периоди од нашиот живот, особено кога влегуваме во неговата четврта деценија. Секако, тоа не значи дека треба да имате раце како Крис Хемсворт, стомачни како Лени Кравиц и грб како Двејн Џонсон. За поздрав живот доволно е само повремено да вежбате, но секој ден да бидете во движење, дури и ако тоа значи да одите на кратки прошетки, ако веќе немате друга причина да излезете од дома.
Како да препознаете дека не се движите доволно?
Следниве четири знаци може да укажуваат на тоа дека би било пожелно да бидете повеќе во движење:
- Процентот на маснотии во телото надминува 15% ако сте маж и 24% ако сте жена;
- Во текот на денот ви снемува енергија за извршување на секојдневните задачи, иако порано ги завршувавте без многу мака;
- Не можете да истрчате 2,5 км без пауза;
- Не можете да правите никакви склекови.
Доколку имате солидна издржливост, трчањето 2,5 километри, дури и со најбавно темпо, не би требало да ви претставува проблем. Во случај да не успеете, време е да ја подобрите вашата кондиција. Истиот заклучок важи и ако едно склек е невозможна мисија за вас.
Значи, дали вашето тело ви кажува дека треба повеќе да се движите? Знаете што да направите доколку се препознаете во наведените знаци. Можете да започнете со вежбање веднаш или барем да направите подолга прошетка за почеток, ако поминало многу време од вашиот последен тренинг.