
Кадетките на Тиверија на гостувањето во Битола со убедливи 0:3 триумфираа над Топ Гол во меч од 11. коло на Кадетската женска фудбалска лига.
На „Павел Шатев“ двоен стрелец беше Розита Пецева, а третиот погодок беше дело на Теона Галабовска.
Во однос на табелата екипата на Тиверија е лидер со 30 бодови.