Младинците и Кадетите на Академија Пандев со убедливи победи над Ренова

АРХИВА

Младинците на Академија Пандев во рамки на 17. коло од Младинската супер лига со убедливи 6:1 ја декласираа екипата на Ренова. Хет-трик постигна Кире Стојанов, а по еден гол постигна Коста Каракашов, Мартин Шутевски и Јордан Николов. За гостите од Тетово стрелец на единствениот гол беше Адхурим Иљази.

Академија Пандев е трета со 30 бодови на табелата и има шест бодови помалку од лидерот Вардар.

Кадетите на Академија Пандев со 2:1 беа подобри од Ренова во рамки на 17. коло. За „пандевци“ погодоците ги постигнаа Глигор Атанасов и Панче Петров, а пак за Ренова погодокот го постигна Азис Јамини.

Во однос на табелата Академија Пандев е на врвот од табелата со 31 освоен бод, а пак Ренова е на 10-тото место со 17 бодови.

Comments are closed.