Одржани двe работилници во ОО Црвен крст Струмица на тема „Лична асистенција на лица со попреченост“

ФОТО: Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица

Одржани двe работилници на тема – Лични и професионали предизвици при давање на услугата „Лична асистенција на лица со попреченост“ во просториите на ОО Црвен крст Струмица.

Во работилниците предводени од специјален едукатор и рехабилитатор Тања Црвенковска и социјален работник Жанета Органџиева беа вклучени личните асистенти на лица со попреченост.

Првата работилница се одржа на 31.03.2022 година учество зедоа 16 лични асистенти, додека пак втората работилница се одржа на 01.04.2022 година и во неа беа вклучени 16 лични асистенти.

„Целта на работилниците беше запознавање со потенцијалните предизивиците со кои се соочуваат личните асистенти при давање на социјалните услуги, совети за надминување и решавање на истите, како и споделување лични искуства од самите асистенти. Услугата за лична асистенција има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина“, велат од ОО Црвен крст на Струмица.

Comments are closed.