Општинската зграда светна во сина боја по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Светот денеска го одбележува 2 Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам, и во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања, денеска светот се бои во сино. На овој Меѓународен ден порачуваме дека различностите не поврзуваат и дека општеството можеме да го направиме за сите.

Општина Струмица дава континуирана поддршка на лицата со аутизам и нивните родители и семејства, и во таа насока на годинешниот 2-ри април се придружува на останатите земји и својата зграда ја осветли во сина боја.

„Вечерва општинската зграда светна во сина боја. Иако, мојата и поддршката на општина Струмица е 365 денови за лицата со аутизам, а не само еден, се вклучивме во одбележувањето на 2.Април – Меѓународниот ден за подигање на свеста за овие лица. Градиме инклузивна Општина и создаваме подобар свет за сите лица со попреченост и нивните семејства“, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

Comments are closed.