
„Животната средина е заедничка одговорност“ – мотото со кое учениците на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица се вклучија во еко акција за засадување на дрвца.

„Заедно со претставници од земјоделската задруга ЗЗ Пчелин Рај – Струмица и МАЗЗ – Македонска асоцијација на земјоделски задруги, учествувавме во еко акција на засадување дрвца во Училишната Економија на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица. Акциите се одвиваат во рамки на проект имплементиран од страна на „CARE International“, а финансиски поддржан од Државната канцеларија на покрајна Северна Рајна Вестфалија и истите имаат за цел да поттикнат на општествена одговорност во заедницата и проактивност кон решавање на проблемот со глобалното затоплување“, велат од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица.
