
Тиверија од Струмица и Спартмани од Градско Балдовци сепак се откажаа од учество во новата сезона во Третата фудбалска лига – Исток.
Според првичниот старт беа пријавени шест екипи – Малеш, Рудар, Карбинци, Чешиново 2015, Овче Поле и Дојранско Езеро, по што учество пријавија Тиверија и Спартмани.
Во првото коло Спартмани требаше да гостува во Пробиштип кај Рудар, а пак Тиверија кај Дојранско Езеро, но овие два натпревари не беа одиграни и истите беа одложени. По само два дена беше донесена одлука овие две екипи да се повлечат од натпреварување во третолигашката конкуренција на Истокот.
Тоа значи дека Трета лига – Исток продолжува со натпреварување според првичниот календар на натпреварување.
Тоа значи дека сезонава нема да има ниту една екипа од Струмица и струмичкиот регион која ќе се натпреварува во Трета лига – Исток.