
На меѓународната конференција „Start the change“ која се одржа во Загреб, Република Хрватска СОУ „Никола Карев“ од Струмица, претставено од професорките Олгица Цонева и Маргарета Спасов, зеде активно учество.
„Беа разменети искуства, спроведени работилници заедно со други колеги од нашата држава, од Хрватска и од Португалија. Професорките добија многу инспиративни идеи на кој начин нашите ученици можат да бидат вклучени во креирањето на образовниот процес, на повеќе нивоа“, велат од СОУ „Никола Карев“ – Струмица.