
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.
Најниската температура за денес е 5 степени, а највисоката 21 степен во југоисточните делови и Струмица.
