
Oдржана и последната работилница од ПХВ програмата под наслов “Документирање на проектите” во просториите на ОО Црвен крст Струмица.
Важноста на документирањето и критериумите за оценување на проекти беше тема на денешната работилница предводена од психологот и обучен дисеминатор за ПХВ програма Величе Ристова. Учество зедоа 22 младинци и 4 мали ментори.
Создавање на дисеминациски модел за работа со младите, промоција на културата на дијалог, поврзување на дисеминацијата и хуманитарните акции, регрутирање на нови волонтери во Црвен крст преку промоција на хумани вредности, промовирање на културата како систем од вредности и промовирање на активен приод кон животот се цели на програмата ЦКА-ПХВ .


