Костадинов: Во Сандански во Бугарија се случи историја, прв пат градоначалници од двете држави се собираат на едно место и разговараат за огромните можности кои ги имаме пред нас

Денес во општина Сандански во Бугарија се собраа градоначалници од Бугарија и Северна Македонија каде се разговараше на повеќе теми. Присутен беше и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Денеска во општина Сандански во Бугарија се случи историја. Прв пат градоначалници од двете држави се собираат на едно место и разговараат за огромните можности кои ги имаме пред нас. Ја имав честа како градоначалник да зборувам за успешноста на нашата Струмица во однос на реализацијата на прекуграничните проекти. Пред премиерот на Република Бугарија јасно истакнав дека наша заедничка цел треба да ни биде линијата која не разделува, да ни биде линија која не зближува, тоа се европски вредности и од тоа директен бенефит имаат граѓаните. Беше чест да се биде заедно со сите колеги, заедно со премиерот Кирил Петков и нашиот министер за локална самоуправа Горан Милевски“, рече градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Comments are closed.