
Прес-конференција на Секретарот на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица Маријана Тошева за проектот ,, Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ” поддржан од Austrian Development Agency и Црвен крст на Република Северна Македонија, Österreichisches Rotes Kreuz и Schweizerisches Rotes Kreuz.
„Станува збор за нов проект на Црвен крст на РСМ преку кој обучени негуватели ќе обезбедат подобри социјални сервиси за стари и изнемоштени лица на кои им е потребна таква нега. Поради зголемен интерес за димензионирање на услугите од овој тип се нуди можност за избирање на пакети комерцијални услуги согласно потребите и желбите на корисниците и нивните семејства. Досега се лиценцирани 63 негуватели преку регионалниот обучен центар во 4 образовни циклуси. Вработени се две стручни лица кои ќе ги координираат активностите за испорака на услугата помош и нега во домот. Преку Комисијата за лиценцирање на МТСП се лиценцирани два центри за испорака на социјални услуги ЦК Струмица и ЦК Гевгелија. Другите два во Валандово и Радовиш се во процес на лиценцирање. Со имплементација на проектот се создава можност невработените лица да се стекнат со квалификација и да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да се зголеми можноста за вработување на ранливото население а, со испораката на квалитетни социјални услуги ќе се влијае на подобрување на здравјето и добросостојбата на граѓаните во заедницата. Како овластен и лиценциран давател на ваквата услуга ОО Црвен крст Струмица се обврзува да ја евалуира услугата и да го следи задоволството на корисниците“, рече Тошева.
На прес-конференцијата присуствуваа и Секретарите на ОО Црвен крст Валандово, Радовиш и Гевгелија.