Ракометарите на Астраион на домашен терен против Борец

Ракометарите на Астраион во рамки на 2. коло од плеј-аутот на Првата машка ракометна лига ќе се соочат со Борец од Велес на домашен терен.

Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 13:00 часот, а на овој меч струмичани ќе важат за фаворити за трите бодови, откако во претходното коло беа убедливи против Партизан 2016 Спорт во Гевгелија.

Судиска двојка ќе бидат Драган Јовановски од Штип и Иван Јованов од Радовиш, а пак делегат на мечот ќе биде Васил Чавдаров – Богданци.

Comments are closed.