
В сабота продолжуваат натпреварите од Втората лига – Исток по завршувањето на репрезентативната пауза.
Беласица на домашен терен ќе игра против „фенерџијата“ Локомотива од Градско и ќе важи за апсолутен фаворит за трите бодови.
Струмичките фудбалери во моментот со по 41 бод ја делат втората позиција на табелата заедно со Победа од Прилеп.
Натпреварот ќе го суди Пларент Салихи од Тетово, а мечот ќе започне во 15:00 часот.