
По завршувањето на репрезентативната пауза продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига.
Академија Пандев на домашен терен ќе биде домаќин на Скопје во меч каде струмичани ќе важат за големи фаворити за трите бодови.
„Пандевци“ се втори на табелата со 48 бодови, а со триумф во недела Академија Пандев ќе направи уште еден чекор напред во битката излез во Европа. Натпреварот ќе биде интересен за гледање бидејќи ќе донесе и доза на неизвесноста бидејќи трите бодови се императив и за Скопје кој сака директен опстанок во Првата лига.
Натпреварот ќе го суди Игор Иванов од Велес, а ќе започне во 15:00 часот.