
Комисијата за заразни болести по вчерашниот одржан состанок излезе со препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, рече портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.
Носењето на маски останува задолжително за наставниот и техничкиот кадар.
Оваа одлука доаѓа во пресрет на пролетните денови и зголемените температури, а основа е и стабилната епидемиолошка состојба.