Во поранешната касарна, во организација на ДЗС се одржува обука за заштита и спасување од урнатини

Денеска и утре во поранешната касарна, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување се одржува обука за заштита и спасување од урнатини на тимот за брз одговор во кој учествуваат и активни спасители од Противпожарната единица на Струмица.

Во рамките на оваа обука, Противпожарната единица доби донација во опрема од Дирекцијата и Владата која што ќе се користи за секаков вид на интервенции. На примопредавањето присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски.

Општина Струмица во континуитет се грижи за подобрувањето на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица.

Comments are closed.