
„Како се изработуваат мали проекти“ – втората по ред одржана работилница во просториите на ОО Црвен крст Струмица, во рамки на програмата Црвен крст во акција „Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) која Црвен крст на Република Северна Македонија со години ја имплементира во нашата земја.

На работилницата предводена од психологот и обучен дисеминатор за ПХВ програма Величе Ристова учествуваа 23 младинци и 5 мали ментори. Учесниците се стекнаа со основни познавања за лоцирање на проблем, проценка на ризици и последици од проблем и дејствување на терен.

Создавање на дисеминациски модел за работа со младите, промоција на културата на дијалог, поврзување на дисеминацијата и хуманитарните акции, регрутирање на нови волонтери во Црвен крст преку промоција на хумани вредности, промовирање на културата како систем од вредности и промовирање на активен приод кон животот се цели на програмата ЦКА-ПХВ.