ОО Црвен крст Струмица започнува со обуки за Прва помош за правни субјекти – „Првата помош спасува животи“

ОО Црвен крст Струмица е во фаза на формирање група за обука по Прва помош за правни субјекти и стекнување УВЕРЕНИЕ ЗА ПРВА ПОМОШ.

Законот за безбедност и здравје при работа налага секоја јавна и приватна установа, компанија и организација да поседува УВЕРЕНИЕ ЗА ПРВА ПОМОШ.

Со оглед на важноста на Првата помош, донесени се законски регулативи со кои сите вработени се обврзуваат за задолжително посетување обуки и едуцирање за тоа кои се основите на ПП и како да укажат прва помош во случај на потреба.
Во продолжение, детали од законската обврска и линк до целосниот Закон:
Член 24
(6) „На секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат ДО 20 вработени, најмалку еден од нив мора да биде оспособен и одреден за давање прва помош, за гасење пожар, евакуација и спасување, а над овој број НА СЕКОИ 20 вработени најмалку уште по еден.“
Член 58
(1) „Глоба од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за непочитување на одредбите.“
Целиот Закон е достапен на линков:
https://www.pravdiko.mk/…/Zakon-za-bezbednost-i-zdravje…
Информации за обука на тел: 070/382-229, во простории на ОО Црвен крст Струмица на ул. „Коста Бозов“ бр.1 Струмица секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или директно во порака на фејсбук страницата на ОО Црвен крст Струмица.

Comments are closed.