Костадинов: Ми беше чест што бев домаќин на претставниците на нашите пензионери, го испочитувавме договорот за средба секој последен вторник од месецот

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин костадинов денес во својот кабинет имаше средба со претставници на пензионери, како што вели градоначалникот испочитуван е договорот за средба секој последен вторник од месецот.

„Младост и амбициозност и завршен работен век, каков прекрасен спој за муабет и дружење, денеска, во мојот кабинет. Ми беше чест што бев домаќин на претставниците на нашите пензионери и што го испочитувавме договорот за средба секој последен вторник од месецот. Пензионерите се наши драги сограѓани кои во својот работен век создавале за нашата Струмица и заслужуваат убав и долг пензионерски живот. Разговаравме на повеќе теми, ама и си го споделивме задоволството за исплатата на мартовските пензии и покачувањето од 1.000 денари која започна денеска. Бидете ми живи и здрави, се гледаме последниот вторник во април“, рече Костадинов.

Comments are closed.