ФОТО: Струмица е подготвена за заедничко навивање за Македонија, вечерва да навиваме заедно во Малиот градски парк!

Вечерва е историски момент за македонскиот фудбал и Македонија, вечерва го играме историскиот натпревар против Португалија за прв учество на Светско првество.

Вечерва во Малиот градски парк во Струмица ќе има заедничко навивање за нашата фудбалска репрезентација. Се е подготвено, а градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов повика заеднички да навиваме за нашите фудбалери и за нашата Македонија.

„Струмица знае и Струмица може да се обедини кога треба. А вечерва, како никогаш досега, тоа треба да го направиме. Како град на врвни спортисти и граѓани кои неизмерно сме се радувале на нивните успеси, знаеме што значи заедничко навивање и бодрење на нашите фудбалски херои. Малиот градски парк е подготвен за заедничко следење на натпреварот Македонија – Португалија. Ве чекам сите. Ова е историски настан. Ајде, заедно да навиваме за нашите фудбалери, за нашата Македонија“, напиша Костадинов.

Comments are closed.