Реми и пораз за пионерите и помладите пионери на Беласица во мечевите со Тетекс

АРХИВА

Помладите пионери на Беласица во рамки на 14. коло од Втората помлада пионерска лига беа поразени од Тетекс со резултат од 2:1. Првиот дел од мечот помина без погодоци, а пак во второто полувреме струмичани први дојдоа до водство со голот на Мартин Милошевски во 53. минута од мечот.

Домаќинот во финишот од мечот успеа да постигна два брзи гола и да обезбеди голема победа над Беласица. Мартин Јанчевски погоди во 81. минута за 1:1, а само две минити подоцна Бојан Митрески постигна гол вреден три бода.

Во однос на табелата Беласица е трета со 26 бодови, лидер на табелата е Куманово-Милано 2010 со 36 бодови, а пак втор е Охрид Лихнидос со 32 бодови. Екипата на Тетекс е седма со 13 бодови.

Пионерите пак на Беласица одиграа 2:2 против Тетекс во меч од 14. коло на Втората пионерска лига.

Тетекс прв го отвори резултатот со гол на Даниел Николовски во 24. минута. Пред крајот на првито дел Михаил Петковски погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел односно во 55. минута Петковски со втор гол го сврте резултатот во полза на струмичани. Домаќинот преку втор гол на Николовски дојде до конечните 2:2 во 78. минута.

Во однос на табелата Беласица е петта со 21 бод, додека пак првото место со по 36 бодови го делат Куманова-Милано 2010 и Охрид Лихнидос. Тетекс е седми со 17 бодови.

Comments are closed.