Убедливи победи за младинската и кадетската екипа на ЖФК Тиверија Струмица

Во рамки на 11. коло од Младинската А женска фудбалска лига екипата на Тиверија со убедливи 9:0 го декласираше ЖФК СЦ Истатов на Општинското фудбалско игралиште во Струмица.

Мурвет Вардар постигна четири погодоци, три гола беа дело на Васка Василева, а по еден гол постигнаа Ивона Бангиева и Слаѓана Ѓорѓиева.

Во однос на табелата екипа на Тиерија е на врвот од табелата со 28 бодови, а два помалку има конкурентот Атлетико кој е втор.

Убедлива победа имаше и кадетската екипа на Тиверија, во рамки на 10. коло од Кадетската женска фудбалска лига Тиверија со 7:0 го декласираше ЖФК Љуботен.

По три погодоци постигнаа Сара Андова и Теона Галабовска, а еден погодок беше дело на Розита Пецева.

Во однос на табелата Тиверија е убедливо на првото место со 27 бодови, а пак Скопје 2014 со пет бодови помалку е втор на табелата.

Comments are closed.