
Денес успешно беше спроведена Еко акцијата за почисти ридови, а која беше поддржата од градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.
„Оваа недела ја завршуваме со Еко Акција за почисти ридови. На покана на сите здруженија кои се иницијатори на оваа еко акција, јас како градоначалник ги поддржав, а и во иднина можат да сметаат на мојата поддршка за секоја таква акција. Се сретнав со многу сограѓани од сите возрасти кои беа дел од оваа активност се дружевме и забавувавме а се сретнав и со многу рекреативци љубители на природата и ме радува тоа што се сложивме дека еко свеста е на повисоко ниво и дека сите заедно ќе придонесиме за уште почисти ридови и почиста Струмица“, рече Костадинов.









