Ракометарите на струмички Астраион на вчерашното гостување во рамки на 1. коло од плеј-аутот на Првата машка ракометна лига со убедливи 19:34 го декласираше домаќинот Партизан 2016.
Струмичките ракометари одиграа послабо прво полувреме, а тоа го покажува и резултат бидејќи Партизан 2016 на полувреме имаше водство од дури три гола (14:11).
Во вториот дел Астраион максимално мотивиран го декласираше домаќинот кој постигна само пет погодоци за цели 30 минути за конечни 19:34.
Најдобри во редовите на Партзина 2016 беа Ѓорге Банцалиоски и Горан Лисичков со по седум погодоци, додека пак кај Астраион со осум погодоци најдобар беше Васко Стојанов, а два помалку постигна Александар Цонев.
- ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: Партизан 2016 Спорт – Астраион Хендбол