
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред ноќеска во два часот по полноќ почна летното сметање на времето.
Летното време започнува секој последен викенд од месец март и трае до последниот викенд од месец октомври, кога повторно ги враќаме стрелски наназад за еден час со што настапува зимското сметање на времето.
Времето покрај во Европа се менува и во Земјни од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот, освен Јапонија, Кина, Јужна Кореја, и држави од африканскиот континент.
Европскиот парламент на 4 март 2019 година гласаше за укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па останува да видиме дали синоќашното поместување на стрелките ќе биде последено.