Фудбалерките на Тиверија со петарда за Борец

Фудбалерките на струмичка Тиверија со 5:1 го декласираа Борец во рамки на 15. коло од Првата футсал лига.

Маријана Јанков беше двоен стрелец за струмичани, а по еден гол постигнаа Билјана Панеска и Сара Велкова, додека пак Елам Шемсовиќ си постигна автогол. Стрелец на единствениот гол за велешанки беше Џенита Кицара.

Во однос на табелата промени нема, лидер е Љуботен со 38 бодови, а Тиверија е втора со 35 бодови, додека пак Борец е шести со 27 бодови.

Во следноток оло Тиверија ќе гостува кај Деспина во Прилеп.

Comments are closed.