Младинците и кадетите на Беласица убедливи против Тетекс од Тетово

АРХИВА

Денес на Општинското фудбалско игралиште во Струмица младинците и кадетите на Беласица забележаа убедливи победи против врсниците од Тетекс од Тетово.

Во рамки на 14. коло од Втората младинска лига екипата на Беласица со 3:2 беше подобра од Тетекс. Драган Хаџиевски беше двоен стрелец за струмичани, а еден погодок гостигна и Димче Јовов. За гостите од Тетово двата погодоци ги постигна Мерван Имери.

Во однос на табелата Беласица е трета со 22 бодови, додека пак Тетекс е втор со 30 бодови.

Кадетите пак на Беласица со убедливи 4:0 го распаднаа Тетекс во рамки на 14. коло од Втората Кадетска лига.

Два погодоци постигна Михаил Петковски, а по еден погодок Мартин Милошевски и Александар Ефтимов.

Во однос на табелата Беласица е четврта со 19 бодови, а пак Тетекс е седми со 13 бодови.

Comments are closed.