
Фудбалерките на Тиверија утре на домашен терен ќе ги одмерат силите со екипата на Борец од Велес, во рамки на 15. коло од Првата женска фудбалска лига.
Натпреварот ќе се одигра на Општинското фудбалско игралиште во Струмица каде струмичките фудбалерки ќе ја имаат фаворитската улога за трите бодови.
Во однос на табелта Тиверија е втора со 32 бодови и има три бода негатива во однос на лидерот Љуботен, додека пак Борец е петти со 27 бодови.
Правдата на мечот ќе ја дели Марија Конеска од Прилеп, а стартот е закажан за во 14:30 часот.