Ново поскапување на горивата од полноќ, еве ги новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Од 25.03.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 55,163 (денари/килограм)

Comments are closed.