Беласица без примен гол на СЕДУМ последователни натпревари, Николоски 630 минути без примен гол

Беласица под водство на младиот тренер Александар Стојанов бележи одлични резултати и тоа екипата ја носи на пат кон експресно враќање во Првата фудбалска лига.

Беласица ја има најдобрата пролетна форма, на последните пет натпревари струмичани собраа 13 од можни 15 бодови, а го имаат и најефикасниот напад со 14 постигнати погодоци и најдобрата одбрана која нема примено ниту еден погодок.

Беласица е без примен погодок од декември односно на последните 7 официјални првенствени натпревари, Иван Николоски ја чува чиста мрежата 630 минути. Беласица последен пат прими погодок на дуелот против Кожуф (1:1) во рамки на 13. коло на Втората фудбалска лига – Исток одигран во Струмица.

Ваквата статистика на младиот голман на Беласица може многу брзо да му донесе и репрезентативен статус.

Comments are closed.