Убедлив триумф и реми за пионерите на Академија Пандев против прилепска Победа

АРХИВА

Пионерите на Академија Пандев во рамки на 15. коло од Пионерската Супер лига со 1:4 беа убедливи против прилепска Победа. Првиот дел од натпреварот заврши со резултат од 1:1, а струмичани преку Кире Стојанов први дојдоа до водство. Победа преку Амил Табаковиќ во финишот на првиот дел дојдоа до 1:1.

Во вториот дел со двата погодоци на Костадин Капсаров младите „пандевци“ дојдоа до водство од 1:3, а конечните 1:4 ги постави Никола Талески.

Академија Пандев е втора на табелата со 33 бодови, и има само бод помалку од лидерот Работнички.

Победа и Академија Пандев одиграа 0:0 во рамки на 15. коло од Помладата пионерска Супер лига. Академија Пандев со 24 бодови е на петото место, а пак Победа со 17 бодови е седма.

Comments are closed.