
Во пролетниот дел од Втората фудбалска лига – Исток се одиграа пет кола, борбата за Прва лига станува уште понеизвесна, како и борбата за опстанок.
Во однос на формата од последните пет натпревари, практично од сите пролетни натпревари на второлигашите во Истокот, Беласица ја има најдобрата форма. Струмичани имаат скор од четири победи и само едно реми и вкупно 13 освоени бодови од можни 15. Момците на Александар Стојанов имаат и гол разлика од 14 постигнати и ниту еден примен погодок, што значи дека Беласица го има најефикасниот напад и најдобрата одбрана во Втора лига – Исток во пролетниот дел.
Ваквите резултати ја искачија Беласица на второто место на табелата поточно на делба на второто место заедно со прилепска Победа со по 41 бод и негатива од само еден бод во однос на лидерот Слога 1934 од Виница.
37-годишниот тренер успешно ја води Беласица на пат кон Прва лига, но следуваат и дерби дуелите каде што ќе има многу работа. Од конкурентите во Струмица доаѓаат Саса и Слога 1934, додека пак Беласица патува во Прилеп кај Победа.
На табелата според формата од последните пет натпревари на второто место е Слога 1934 со 10 од можни 15 бодови или со скор од три победи, реми и пораз во Гевгелија. Потоа следуваат конкурентите Победа и Каменица Саса кои имаат по 9 освоени бодови од можни 15. Прилепчани имаат две победи и три ремија, додека пак „рударите“ имаат три победи и два порази.
- ТАБЕЛА СПОРЕД ФОРМАТА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 5 НАТПРЕВАРИ ВО ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:
