
Министерството за здравство го почна караванот против КОВИД-19 со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ). Караванот за информирање и вакцинирање против Ковид-19 кој започна денес во општина Шуто Оризари во Струмица ќе биде на 24 март на плоштадот во период од 12 до 16 часот. Следниот ден истиот ќе биде на пазарот во општина Ново Село, исто така, во период од 12 до 16 часот.
Во продолжение следува листата со точно време и локации што ќе бидат посетени низ државата:
• 21 март, 11:00-15:00 – плоштадот во Шуто Оризари
• 22 март, 12:00-16:00 – плоштадот во Кратово
• 23 март, 12:00-16:00 – плоштадот во Радовиш
• 24 март, 12:00-16:00 – плоштадот во Струмица
• 25 март, 12:00-16:00 – пазарот во Ново Село (Струмица)
• 26 март, 11:00-15:00 – Скопје, ТЦ „Ист гејт“
• 27 март, 11:00-15:00 – плоштадот во Куманово
• 28 март, 12:00-16:00 – општина Липково, паркингот во село Матејче
• 29 март, 12-00:16-00 – поштата во Арачиново
• 30 март, 12:00-16:00 – општина Чучер Сандево, ОЈУ Партизански дом во село Сандево
• 31 март, 12:00-16:00 – Зелениково, основно училиште „Марко Цепенков“
• 1 април, 12:00-16:00 – општина Врапчиште, Центарот за култура во село Неготино
• 2 април, 11:00-15:00 – Кичево, Центарот за култура
• 3 април, 11:00-15:00 – Струга, новото шеталиште