
Комуналец и општина Струмица спроведуваат континуирани акции за чистење и на градот и населените места. Денеска се врши генерално чистење во Банско.
„Струмица мора и ќе биде чиста Општина. Ни треба и поддршката од граѓаните, ни треба поголема еколошка свест, исчистеното да остане чисто, а ѓубрето да се фрла каде што му е местото. Со започнувањето на пролетта, сите вредни домаќинки и домаќини започнуваат со генерално чистење на своите домови. Ајде сите заедно да покажеме дека сме вредни и да го исчистиме нашиот заеднички дом – Струмица. Од срце за нашата чиста и убава Струмица“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.







