
По 24 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига лидер на табелата со 58 освоени бодови е Шкупи. Екипата од Чаир граби кон титулата во домашното првенство.
Со десет бодови помалку односно 48 е Академија Пандев која е втора на табелата и чекори кон сигурен излез во Европа, што беше стартна цел за тековната сезона на струмичани, додека пак актуелниот шампион Шкендија со 47 бодови се наоѓа на третото место. Македонија ЃП која игра во одлична форма е четврта со 43 бодови, а потоа следуваат Ренова и Брегалница кои со по 36 бодови ја делат петата позиција.
- ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
