
Дали чувствувате дека јазикот и устата ви горат или чешаат за време или после консумирање киви? Во следните редови дознајте дали ова е нормално или е симптом на здравствен проблем…
Киви, како и некои други овошја, има киселина која често предизвикува реакција слична на алергија во вашето тело. Чешањето или пецкањето на јазикот за време или после јадење на ова овошје е релативно честа појава, но во комбинација со некои други симптоми може да биде знак за сериозна алергија.
Нашиот совет е да се консултирате со лекар само ако:
- Пецкањето и чешањето се влошуваат;
- Чувствувајте вкочанетост на јазикот или устата;
- Јазикот и устата ви се отечени;
- Имате потешкотии со дишењето.
Како да се ослободите од пецкањето на јазикот? Постојат неколку начини како да си го олесните консумирањето на ова вкусно овошје. Можете, на пример, да јадете ладна храна со киви. Јогуртот е омилен додаток на киви за многумина, но има и други опции. Друг начин да го намалите пецкањето и чешањето на кивите е да консумирате доволно количество вода за време на неговото консумирање, бидејќи може делумно да ја измие киселината од устата и јазикот.
Во случај ништо од ова да не ви помогне и секогаш кога јадете киви мора да се опоравувате од тешката реакција што ја предизвикува на устата и јазикот, наша препорака е да го избегнувате ова овошје доколку имате проблем со пецкањето.