Стојанов: Овие играчи се злато, вредат многу!

Беласица денес беше убедлива на „Могила“ против Братство со 0:3, со што струмичани сега имаат само бод негатива од лидерот Слога 1934 од Виница која загуби во Гевгелија од Кожуф.

Тренерот на Беласица, Александар Стојанов, за Спортска Мрежа вели дека победата е сосема заслужена.

„Сосема заслужена наша победа, уште од првата минута го контролиравме натпреварот, но ни фалеше реализација и имавме неколку неискористени шанси и пречка во првите 45 минути. Веќе на почетокот од второто полувреме постигнавме гол каде што ни ја олесни работата, сепак се на се не е лесно да се игра на таков терен и со противник кој е доста агресивен, но поучени од првиот натпревар овде денес бевме на висина на задачата со мала конфузија некаде од 70 до 80 минута. Најголеми честитки за нашите играчи тие се богатство на Беласица“, изјави Стојанов за спортскиот портал Спортска Мрежа.

Во однос на табелата како што кажавме лидер останува и понатаму Слога 1934 со 42 бодови, додека пак второто место го делат Победа и Беласица со по 41 бод, а Саса е трета со 40 бодови.

Comments are closed.