Пионерите на Академија Пандев со две победи над Пелистер

Пионерите на Академија Пандев забележаа убедлива победа од 3:0 над Пелистер во рамки на 14. коло од Пионерската супер лига.

Трите погодоци за „пандевци“ ги постигна Лазар Милошевиќ, Кире Стојанов и Лазе Чолев. Во однос на табелата Академија Пандев е втора со 31 бод, еден помалку од Работнички.

Младите „пандевци“ забележаа победа од 1:0 против Пелистер и во помладата пионерска Супер лига. Стрелец на погодокот беше Кристијан Галевски во 35. минута, во рамки на 14. коло.

Академија Пандев е на петото место на табелата со 23 бодови, додека пак лидер е Вардар со 29 бодови.

Натпреварите се одиграа на Општинското фудбалско игралиште во Струмица.

Comments are closed.